Јунајтед на лето тргнува по потписот на Рабио

Avatar dija login | Februar 12, 2019


Како што пренесуваат англиските медиуми, голема е веројатноста идното лето, францускиот играч за врска Адриен Рабио да се пресели на „Олд Трафорд“.

Како што е познато, 23-годишниот Адриен Рабио одби да го продолжи својот договор со ПСЖ, па на лето ќе може да се пресели во некој друг клуб како слободен играч.

За неговите услуги се заинтересирани бројни европски клубови кои што иако не успеаа да дојдат до неговиот потпис во текот на јануарскиот преоден рок, речиси сигурно е дека ќе се обидат да се договорат со Франзуцинот во следните неколку месеци.

Меѓу главните кандидати е Манчестер Јунајтед, а од управата на англискиот клуб биле подготвени на Французинот да му понудат и прилично висока плата.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor