page contents

ЏЕЈН ФОНДА ПОТРЕБНО Е МНОГУ ВРЕМЕ, ЗА ДА СТАНЕШ МЛАД!

Avatar admin | April 6, 2019


81-годишната Џејн Фонда официјално е највозрасната ѕвезда која ја краси насловната страна на
модната библија Vogue.Освен што британскиот Vogue подготви за мајскиот број три насловни со Кејт Мос, тој ги изненади
своите читатели со ексклузивен број во партнерство со LOreal Paris, на чија насловна е големата
Џејн Фонда.

Бројот се нарекува „The Non-Issiue“, а оваа игра на зборови ни намигнува дека возраста не треба да
биде бариера која ги тера жените да се чувствуваат помалку значајни и целосни.

Не, годините не се проблем. Уште повеќе, Џејн Фонда вели дека дефинитивно е потребно време да
станеш и да се чувствуваш млад. Младоста не е нешто што треба да се зема здраво за готово – со
времето човек учи како да живее.

„Ги обожавам годините! Немате поим колку се радувам дека ја достигнав оваа возраст, дека сум
живеела толку долго“, изјави легендарната актерка.

Овој број е исклучително важен за главниот уредник на британскиот Vogue, Едвард Енинфел.
„За мене целта на Vogue никогаш не била да покажува луѓе во одредена возраст, пол или етнос.

Целта е разновидност. Но изгледа возраста секогаш претставувала огромен интерес, затоа во овој
ексклузивен број решивме дека е важно да покажеме прекрасни жени кои се над 50“, вели тој.

Бројот излегува на петти април, но списанието сепак издаде некои работи кои Фонда ги рекла во
интервјуто: „Важно е да сфатиме дека постарите жени се најбрзо растечка демографска група во
светот. Треба да го сфатиме нашето значење“, вели 81-годишната актерка.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor