page contents

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СТАНУВА СУПЕРХЕРОЈ НА „MARVEL“

Avatar admin | Mart 30, 2019


„Avengers: Endgame“ мора да даде логичен заклучок за сите филмови на „Marvel“ што ги видовме во
текот на последните 10 години.

Покрај тоа, сепак, тој исто така мора да даде насока во која вселената на „Marvel“ ќе продолжи во
својата четврта фаза. Многу се надеваме на неа, а по дознавањето дека Анџелина Џоли преговара
за влез во светот на суперхероите, ние сме буквално на седмо небо.

Според „Холивуд репортер“, актерката преговара за да учествува во филмот „The Eternals“, кој ќе
биде дел од четвртата фаза од вселената на „Marvel“.

Филмот е базиран на истоимените стрипови од 1976 година и ја следи борбата на речиси
бесмртните херои против нивниот непријател. Не е јасно за каква улога Анџелина преговара, но се
верува дека ќе влезе во чевлите на Серси, најмоќната од суперхероите.

Според изворите, хероината на Џоли ќе биде вклучена во љубовна приказна со Икарис, човек кој се
полни со космичка енергија.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor