page contents

АНКАРА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ПОГРЕШНО ИНФОРМИРАШЕ ЗА СРЕДБАТА ЧАВУШОГЛУ – ПОМПЕО

Avatar admin | April 4, 2019


Министерството за надворешни работи на Турција го обвини американскиот Стејт департмент дека во соопштението од средбата помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу погрешно е пренесена содржината на разговорите.

– Соопштението на Стејт департментот не само што не ја одразува содржината на средбата, туку и вклучува прашања што дури не беа поставени на средбата, изјави портпаролот на турското МНР, Хани Аској.

Тој додаде дека соопштението „очигледно било подготвено“ пред средбата меѓу Помпео и Чавушоглу.

– Слични проблеми имаше и при претходните средби со Американците… таквите соопштенија треба да се подготвуваат повнимателно, наведе Аској.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor