page contents

Алегри Случајот со Дибала е затворен!

Avatar dija login | Februar 9, 2019


Масимилијано Алегри минатиот викенд од новинарите дозна дека Пауло Дибала не го дочекал крајот на натпреварот меѓу Јувентус и Парма кој се одигра на „Алијанц стадионот“ откако остана неискористена измена на оваа средба, а ако тогаш тренерот на италијанскиот шампион не обрна големо внимание на таа тема, денеска откри дека во изминативе неколку дена водел и посериозни разговори со аргентинската ѕвезда.

Голем дел од медиумите потегот на Дибала го протолкуваа како големо непочитување кон соиграчите, па така денеска Алегри повторно мораше да дава одговори на ова прашање, а воедно и да објасни каков е неговиот конечен став за случајот Пауло.

– Дибала се извини, тоа и се очекуваше од интелигентно момче како него. Клубот му даде огромна одговорност со дресот број „10“ и тој знае дека треба да биде пример. Пауло ја сфати ситуацијата, па затоа сега овој случај е затворен, – порача Алегри пред мечот со Сасуоло во Серија А.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor