page contents

Арсен Венгер добил четири понуди, наскоро се враќа на клупат

Avatar admin | Februar 8, 2019


Поранешниот тренер на Арсенал, 66-годишниот Арсен Венгер наскоро се враќа на тренерската работа.

Искусниот тренер на крајот од минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години, а наскоро ќе го превземе својот нов клуб. Како што пренесува „Тајмс“, Венгер би можел да започне со својата нова работа веќе идниот месец, а Французинот веќе добил четири понуди.

Речиси сигурно било дека Венгер нема да се враќа во Англија затоа што после Арсенал, не сака да води ниту еден друг англиски клуб, па ќе ги прифати понудите кои што доаѓаат од клубовите од другите најсилни европски првенства.

Досега Венгер се поврзуваше со Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид, но моментално од четирите понуди кои што ги имал, Венгер разгледувал две понуди. Наводно за неговите услуги биле заинтересирани и од ПСЖ, но Парижаните го побарале Венгер да работи како спортски директор, а не тренер.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor