page contents

Бартомеу најави нешто што ќе ги израдува фановите на Барселона

Avatar admin | April 5, 2019


Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу во интервју за „ЕСПН“ најави нешто што ќе ги израдува фановите на Барселона.

Бартомеу потврди дека од клубот наскоро ќе му понудат нов договор на најдобриот фудбалер на клубот, Лионел Меси.

Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во 2021 година и речиси никој не се сомневаше дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе остане во овој тим до крајот на кариерата.

– Сакаме да има навистина долга, долга кариера за да можеме да уживаме гледајќи го. Лионел ги руши сите граници. Сите го ценат него и добива аплаузи и на други стадиони од нашите ривали. Сакаме да го продолжиме неговиот договор, тоа е нашата идеја. Тој е млад, може да го видите тоа, и се уште има уште две години од неговиот актуелен договор, – заклучи Бартомеу.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor