Брегзит може да ја парализира земјата, предупредува шефот на британската дипломатија

Avatar dija login | Januar 11, 2019


Британските пратеници доколку го одбијат договорот за брегзит на премиерката Тереза ​​Меј следната недела, ризикуваат парализа на земјата и ја зголемуваат можноста Велика Британија потенцијално да не ја напушти Европската унија, предупреди британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант.

Велика Британија, петтата најголема светска економија, треба да го напушти најголемиот трговски блок во рок од 80 дена, но се чини многу веројатно дека Парламентот ќе го одбие договорот за кој преговараше Меј, со тоа зголемувајќи ја можноста брегзит да се претвори во тотален хаос.

„Доколку договорот е одбиен, веројатно ќе имаме ризик од парализа после брегзит, а ако тоа се случи – никој не знае што следува понатаму. Како и да е има голем ризик дека ние нема да го постигнеме тоа за кое гласаше народот“, рече Џереми Хант за „Скај њуз“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во четвртокот предупреди дека светот не сака да види хаотичен брегзит и дека целосно го поддржува премиерскиот договор за повлекување.

Голем број пратеници кои го поддржуваат брегзит сакаат чиста разделба со Европската Унија и нејзините институции, но Хант рече дека парламентот, каде што британските конзервативци имаат мнозинство, веројатно нема да дозволи земјата да биде исфрлена од блокот без договор.

ИЗВОР



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor