page contents

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 70-ГОДИШНИНАТА ОД НАТО

Avatar admin | April 4, 2019


Во рамки на активностите за одбележување на Неделата на НАТО вечер во Националната филхармонија воените оркестри на Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Република Грција и Република Словенија ќе одржат заеднички концерт.

Диригенти на заедничкиот концерт на воените оркестри ќе бидат мајорот Горан Илијевски од Армијата на Северна Македонија, Константинос Константинопулос од Грција, потполковник Аљоша Дефери од Република Словенија, Сара Маринеску од Обединетото Кралство и мајор Рендал Бартел од САД.

Претходно, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја отвори музејската изложба „70 години од основањето на НАТО и Република Северна Македонија, 30. членка на Алијансата“ на која ќе биде промовирана јубилејна поштенска марка по повод јубилејот на НАТО.

По музејската изложба, ќе се одржи и Панел – дискусија на тема „70 години НАТО – успех кој се должи на спремноста за промени“, организирана од Министерството за одбрана и фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје (ФЕС).

На панел дискусијата ќе учествуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, генералот Стјуард Скејтс, заменик командант на НАТО – Командата во Брунсум, пензионираните генерали Илија Николовски и Мирослав Стојановски, полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на НАТО- канцеларијата за врски во Скопје, директорката на ФЕС, Ева Елерајт и професор Лидија Георгиева.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor