page contents

Воените оркестри на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ја интонираа заедно македонската химна

Avatar admin | April 5, 2019


Во чест на 70-годишнината на НАТО, во Националната филхармонија во Скопје, воените оркестри на вооружените сили на Република Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Грција и Република Словенија одржаа заеднички концерт. Во рамки на концертот оркестрите заеднички ги интонираа химните на Северна Македонија и на НАТО.

„Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и ден посветен на нашите сега веќе успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни. Убедена сум дека петте воени оркестри на Република Северна Македонија, на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Грција и Словенија ќе ни приредат настан чиешто ехо ќе зборува посилно од кој било збор“, рече министерката Шекеринска на почетокот на концертот.

Припадниците на здружениот оркестар концертот го почнаа со интонирањето на химните на НАТО и на нашата татковина, по што продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor