page contents

ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ „ГРЕМИ“ ВЕЧЕРВА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Avatar dija login | Februar 10, 2019


„Греми“ музичките награди по 61 пат вечерва ќе бидат доделени во Лос Анџелес, а меѓу номинациите водат рапери и голем број жени чие отсуство на минатите доделувања беше критикувано.

Пејачката и текстописец Алиша Кис е домаќинка на церемонијата која почнува во 20 часот вечерва по источно време во САД (2 часот по полноќ).

Калифорнискиот рапер Кендрик Ламар води со осум номинации пред друг рапер Канаѓанецот Дрејк кој доби седум номинации.

Истовремено, списокот на номинации сведочи за многу повеќе жени од претходно, чиј мал број во поранешните изданија беше критикувано.

Пет од осум номинирани во категоријата албум на годината се жени, Карди Би, Кејси Месгрејвс, Хер, Џенел Моне и Бренди Карлајл, исто така се номинирани во таа категорија покрај Кендрик Ламар, Дрејк и Поуст Малоун.

Шест од осум номинирани за најдобар млад уметник се жени, што исто така се смета за една од четирите главни Греми награди.

Академијата за дискографска уметност, која ја претставуваат професионалци во музиката во САД која е критикувана при минатогодишното доделување од тогаш спроведе низа реформи за да фаворизира диверзитет.

Пејачката Моне синоќа рече дека се радува на церемонијата каде има многу жени во номинациите за главните категории како што е албум на годината и најдобар нов уметник.

„Ова ќе бидат специјални Греми, иако се работи за мене, но не е само за мене“, рече таа. Нејзиниот албум “Dirty Computer” е еден од петте албуми на жени номиниран за главната Греми награда.

Бренди Карлајл е жена со најмногу номинации, дури шест, меѓу кои и албум и песна на годината.

Во Беверли Хилс синоќа е одржан пре-Греми гала концерт и поздрав до иконите на музичката индустрија на кој присуствуваа голем број славни личности од светот на музиката но и од политиката и стопанството. Меѓу нив беше и претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси која беше дочекана како рок ѕвезда.

Вечерта заврши со оддавање чест на Арета Френклин која почина во август минатата година.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor