page contents

Каков гест на Боатенг Му платил на фан од Италија затоа што тој го имал во својот „Фантази Тим“

Avatar admin | Februar 12, 2019


Новиот фудбалер на Барселона, Кевин Принс Боатенг ги освои симпатиите откако еден фудбалски фан од Италија откри дека брзоногиот фудбалер му дал пари затоа што тој претходно го купил во популарната игра „Фантази Фудбал“.

Откако Боатенг направи изненадувачки трансфер во Барселона, навивачот останал без неговите услуги. Во шега тој му напишал порака на фудбалерот која гласела: -Треба да ми надоместиш за ова. Дали да ти ја пратам мојата трансакциска сметка?.

На тоа новиот фудбалер на Барселона веднаш одговорил и навистина ги платил парите кои фанот ги потрошил за да го состави својот „Фантази тим“.

– Здраво Ренато, јас веќе ти ги испратив парите. Прегратка – му возвратил Боатенг.

Потоа фанот побарал две работи, да отпатува во Барселона и лично да се сретне со Боатенг, а потоа парите кои ги добил од него да ги префрлат во добротворни цели.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor