page contents

Капело ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал во неговата кариера

Avatar admin | April 5, 2019


Италијанскиот стратег Фабио Капело зад себе има прилично импресивна кариера во која водеше некои од најголемите светски клубови.

Фабио Капело во својата кариера ги водеше екипите на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус, а беше селектор и на репрезентациите на Англија и Русија. Покрај тоа што освои голем број на трофеи во својата кариера, Капело може да се пофали и дека беше тренер на некои од најголемите играчи на сите времиња.

Капело го состави идеалниот тим од играчи кои што ги тренирал, а од сите 11, моментално активно игра фудбал само еден – Џанлуиџи Буфон.

Идеалниот тим на Капело изгледа вака: Буфон – Роберто Карлос, Малдини, Барези, Кафу – Редондо, Савичевиќ, Рајкард, Гулит – Ван Бастен, Раул.

Алесандро Дел Пиеро, Франческо Тоти, Фабио Канаваро и Роналдо се само некои од фудбалските легенди кои што не се најдоа во идеалните 11 на Фабио Капело.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor