Марсело откри еден интересен детаљ околу Герет Бејл

Avatar dija login | Februar 12, 2019


Герет Бејл требаше да претставува играч за иднината на Реал Мадрид кога во 2013 година се реши да го промени дресот на Тотенхем со тој на „Кралскиот Клуб“.

Сепак, Велшанецот поради честите повреди не успеа да го остави своето име запишано во историјата на овој клуб, па сега се почесто се споменува негово заминување од главниот град на Шпанија.

Еден од играчите со најдолг стаж во Реал Мадрид, Марсело, дополнително откри еден интересен детаљ поврзан околу брзоногиот фудбалер.

Иако е шест години во Шпанија, Бејл се уште не знаел да зборува на шпански и претежно говорел на англиски јазик во соблекувалната на Реал.

– Имав многу добар однос со Кристијано, неговото семејство и неговата девојка. Заедно игравме девет години и нормално е да сум тажен. Исто така бев тажен со заминувањето на Кико Касиља кој седеше веднаш до мене. Секој ден правевме муабет „Еј, Кико, како си?“ а сега немам никој до мене. Единствено Герет Бејл е на другата страна, но тој не зборува шпански и зборува само на англиски. Понекогаш зборуваме со гестикулации, а ја само му викам „Здраво, како си и добро вино“ – истакна Марсело.

Велшкиот репрезентативец неодамна го постигна својот 100-ти погодок за Реал Мадрид, но и покрај тоа неговата иднина во клубот не е извесна.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor