Могерини и Хан Ден за историја

Avatar dija login | Januar 12, 2019


Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва. Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце“ му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ”, порачуваат Могерини и Хан.

ЕУ, според нив, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција”, напишаа Хан и Могерини.

ИЗВОР



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor


Gazi Husrev-beže ili: Bukagije

Gazi Husrev-beže ili: Bukagije