Новата шкода октавија – спремна за поагресивен изглед и електрификација

Avatar dija login | Januar 11, 2019


Британски Аутоекспрес објави ексклузивни фотографии од новата, четврта генерација на шкода октавија.

Иако Шкода се фокусираше во 2019 да го предизвика братскиот ривал фолксваген голф со новиот модел скала, не го занемари ни својот долгогодишен адут на пазарот.

Еден од најпопуларните модели во Европа доби поагресивен изглед, линии на купе, а за првпат ќе има и хибриден погон.

Во Млада Болеслав го искористија „пораснувањето“ на рапидот во скала за да ја унапредат и новата генерација на октавијата со новата ем-кју-би платформа.

Фокусот на скалата и потребата за „практичен хечбек“ нема да влијае врз димензиите на октавијата која треба да го задржи меѓуоскиното растојание и традиционално поголемиот простор на задната клупа во однос на директните конкуренти.

Најголемата разлика на четвртата генерација на октавијата во однос на третата (особено по неуспешниот редизајн на „лицето“) ќе бидат бројните софистицирани детали, покомплексната хауба, и продолжената линија на задниот дел на автомобилот која „влече“ накај купе.

Кај повеќето други модели тоа би значело губење на практичноста, но Шкода тоа ќе го избегне со подлабок под и подобро пакување околу страничните делови на багажникот, чиј капацитет благо ќе порасне на 600 литри.

Што се однесува до погонот, се очекуваат добро познатите мотори на Фолксваген групацијата – основната верзија ќе го има трицилиндерскиот ТСИ турбобензинец со 115 коњски сили, додека врвот на понудата на почетокот ќе биде 1,5-литарскиот четирицилиндерски ТСИ со 150КС и со опција за деактивација на цилиндрите за економичност.

Иако се очекуваше Шкода да го исфрли 1,0-литарскиот мотор од понудата на октавијата бидејќи станува збор за автомобил една класа над скалата, од чешката компанија порачаа дека тоа нема да се случи бидејќи тие не се премиум произведувач и дека „октавијата ќе остане нормален автомобил за нормални луѓе – односно паметен избор“.

Исто така, иако Шкода ги исфрли дизел моторите од помалиот модел фабија, тие и понатаму ќе бидат достапни во октавијата во три верзии – 1,6 и 2,0-литарски облик, со распон на силата од 115 до 190 коњски сили.

Најголемата новина на новата генерација ќе биде електрификацијата, па купувачите ќе имаат опција да ја купат сѐ попопуларната хибридна верзија со која октавијата само на струја ќе може да мине околу 65 километри.

Се очекува хибридната октавија да ја добие погонската единици која ќе дебитира во осмата генерација на голфот летоска, а која ќе биде комбинација од 1,5-литарскиот ТСИ и електромотор од 45 волти.

Нормално, се работи и на спортската верзија октавија РС која еќе биде најсилна досега со околу 260 коњски сили.

Новата шкода октавија треба да дебитира на автомобилскиот саем во Франкфурт на есен, а се очекува почетната цена на основниот модел во Германија да биде околу 20.000 евра.

ИЗВОР



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor


Gazi Husrev-beže ili: Bukagije

Gazi Husrev-beže ili: Bukagije