page contents

Оле прави голема „чистка“ во составот Најмалку шест фудбалери си заминуваат од Манчестер Јунајтед ова лето

Avatar admin | April 4, 2019


Манчестер Јунајтед повторно влезе во кризен период по двата порази на последните три натпревари од Премиер лигата кои дополнително ги оддалечија од четвртата позиција.

Сега, медиумите во Англија пишуваат дека Оле Гунар Солскјер и тоа како се фатил за работа и „пречкртал“ дури шест фудбалери на кои нема да смета следната сезона.

Манчестер Јунајтед вообичаено купува најмногу по тројца играчи во преоден рок, освен кога ван Гал беше тренер и кога на „Олд Трафорд“ стигнаа шест фудбалери, а од клубот заминаа дури осуммина.

Нешто слично е подготвува сега, па така на излезни врати од „Театарот на соништата“ се Антонио Валенсија, Матео Дармијан, Андер Ерера, Хуан Мата, Маркос Рохо и Ерик Баи, додека со сигурност клубот ќе го напуштат и Тимоти Фосу Менза и Аксел Туанзебе, но и двајцата би можеле да си заминат повторно како позајмени фудбалери.

„Дејли Мејл“ пишува дека од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвени да ги слушнат понудите и за Алексис Санчез кој и оваа сезона не покажа буквално ништо.

Што се однесува до засилувањата, „ѓаволите“ планираат да ангажираат еден централен дефанзивец, еден десен бек, двајца фудбалери од средниот ред од кои едниот ќе биде креативец, додека другиот со дефанзивни карактеристики, а во клубот ќе дојде и едно крило.

Барем засега не се споменува доаѓање на нов изразит напаѓач, па Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд ќе останат опции во нападот за Солскјер за наредната сезона.

Арон Ван Бисака е еден од играчите кои е посакуван од Манчестер Јунајтед, во средниот ред „ѓаволите“ ќе одбираат од некој од фудбалерите на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, Родри или Томас Парти, а во опција се и Иван Ракитиќ од Барселона и Деклан Рајс од Вест Хем. Можна варијанта е и Тони Крос од тимот на Реал Мадрид.

Најголема желба на стоперската позиција е Калиду Кулибали, но поради огромната трансфер сума која ја бара Наполи, Јунајтед веројатно ќе се насочи кон Алдервилд.

На крилните позиции би можел да пристигне некој од англиските таленти Џејдон Санчо или Калум Хадсон-Одои, а се споменува и можен ангажман на Даглас Коста од Јувентус.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor