page contents

ПОМПЕО САД ГИ ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ СО ТУРЦИЈА ЗА С-400

Avatar admin | April 5, 2019


Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ги продолжуваат разговорите со Турција за нејзиното снабдување со одбранбениот ракетен систем С-400 од Русија.

– Големи се шансите САД и Турција тесно да соработуваат, истакна Помпео на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО во Вашингтон.

Тој додаде дека разговарал со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и верува дека двата сојузника во НАТО ќе можат да најдат решение.

Чавушоглу, пак, изјави дека турското купување на ракетниот систем С-400 од Русија, што предизвика тензии со Вашингтон, е „завршена работа“ и не може да биде откажано.

– Претходно, пред неколку месеци, ги известивме САД и другите наши партнери дека договорот со Русија за С-400 не може да се откаже. Веќе ги набавивме одбранбените системи, работата е завршена, нагласи шефот на турската дипломатија.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor