page contents

Пендаровски во Ресен 2019 е година на економски развој и повеќе пари кај граѓаните

Avatar admin | April 6, 2019


Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на трибина во Ресен, вечерва порача дека интеграциите во ЕУ и НАТО создаваат нови шанси за младите, за демократски и европски дом во сопствената татковина.

„Со Преспанскиот договор го сочувавме идентитетот кој сега е и меѓународно гарантиран. Затоа добивме покана за НАТО. Во 2018 година, за само 6 месеци влегоа рекордни 625 милиони евра што е двојно поголемо од најдобрата инвестициска година. Ако минатата година беше година на интеграции, оваа е година на економски развој, поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните. Гаранцијата за млади дава резултат, веќе се вработени 1.800 млади во само три општини. Затоа е важно заедно да продолжиме, да создадеме нови шанси за младите, демократски и европски дом“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека на овие избори ќе се судрат два главни концепта, од кој едниот, како што кажа, се заканува дека ќе поништи сè што е постигнато.

„Тоа значи блокада према НАТО и ЕУ. Тоа ќе значи нови тензии на Балканот. Ако некој на 21 април го заокружи бројот два на Гордана Силјановска, тоа значи глас за трет мандат за Ѓорге Иванов, човекот кој 8 години молчеше за сите зулуми на претходната власт на Груевски“, додаде Пендаровски на митингот во Ресен.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor