Припадници на ПКК нападнаа Турци во Германија

Avatar dija login | Januar 11, 2019


Поддржувачи на терористичката група ПКК во четвртокот извршија напад врз турска младинска организација ТГБ во северозападна Германија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани двајца маскирани напаѓачи што кршат прозорци на зградата на огранизацијата и на ѕидовите пишуваат „Поздрав од ПКК“.

Терористичката група презеде одговорност за нападот преку објава на интернет и се закани дека ќе изврши повеќе напади во Германија.

Симпатизерите на ПКК неодамна повикаа на протести во Германија против Турција и антитерористичките операции што земјата ги врши во Сирија. ПКК организира демонстрации и повика на ослободување на еден од нејзините лидери, Абдулах Оџалан.

ИЗВОР



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor