page contents

РОЛИНГ СТОУНС ЈА ОДЛОЖИЈА ТУРНЕЈАТА ПОРАДИ ЗДРАВЈЕТО НА МИК ЏЕГЕР

Avatar admin | April 1, 2019


Легендите од “Ролинг Стоунс” ја одложија турнејата во САД и Канада, бидејќи фронтменот на групата, Мик Џегер, мора да биде третиран, објави Ројтерс.

На социјалната мрежа Tweiter, пејачот напиша: “Многу сум вознемирен што мораме да ја одложиме турнејата, но ќе се обидам да се вратам на сцената што е можно поскоро.”

Се очекува 75-годишната рок-легенда целосно да закрепне, велат менаџерите на групата.

Северноамериканската тура на рок-легендите беше закажана од 20 април до 29 јуни. Фановите беа советувани да ги задржат своите билети, што исто така ќе важат и за новите датуми на концертите на Ролинг Стоунс.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor