page contents

Селфи за добредојде за Ципрас пред Владата

Avatar admin | April 2, 2019


Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација го пречека пред Владата грчкиот премиер, Алексис Ципрас, којшто е во прва официјална посета на земјава. Двајцата премиери пријателски се поздравија, направија селфи и се фотографираа со новинарите, пред да започне официјалниот дел од посетата.

Церемонијата пред Владата се одржа пократко отколку што првично беше планирано, поради доцнењето на авионот со којшто на скопскиот аеродром пристигна Ципрас, заедно со голема бизнис-делегација.

Во Владата во тек е тет-а-тет средбата меѓу двајцата премиери, по што ќе следува и заедничка седница на двете влади. Денеска е предвидено Ципрас да се сретне и со претседателот на Собрането, Талат Џафери, а доцна попладне е предвидено да се одржи и бизнис-форум, на кој, како што е најавено, ќе присуствуваат и 200 бизнисмени од Грција.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor