Солскјер ја доби наградата која се чекаше во Јунајтед цели седум години, па со еден гест дополнително ги освои симпатиите
Оле Гунар Солскјер ова утро порача дека има големи планови за Манчестер Јунајтед и веќе во својата глава има програмирано како треба да изгледа тимот во наредните неколку години, а со оглед на тоа што имаше сензационален старт на менаџерската кариера на „Олд Трафорд“, Норвежанецот сега ја доби и првата официјална награда.
Солскјер денеска беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за месец јануари, награда која интересно не успеа да ја добие ниту еден од неговите тројца претходници. Дејвид Мојс, Луи Ван Гал и Жозе Мурињо ниту еднаш не беа прогласени за најдобри менаџери во своите етапи како предводници на Јунајтед, а тоа значи дека за оваа награда на „Олд Трафорд“ се чекаше од крајот на 2012 година.
Во месец откомври 2012 година, Сер Алекс Фергусон за последен пат беше прогласен за менаџер на месецот во Премиер лигата, а се чекаа дури седум години еден негов наследник да го добие истото ова признание. Честа му припадна на Оле Гунар Солскјер, а тој покажа огромна класа и дополнително ги воодушеви фановите бидејќи реши наградата да ја сподели со целит стручен штаб со кој соработува.
Komentari
Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.