Спонзорите бараат од Барселона посебен дрес за Де Јон

Avatar dija login | Februar 8, 2019


Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ има посебно барање до Барселона кога станува збор за најновото засилување на Каталонците, Френки Де Јонг.

Каталонците во јануарскиот преоден рок го комплетираа трансферот на 21-годишниот холандски фудбалер за врска за 75 милиони евра, Френки Де Јонг, а Барселона од „Најк“ доби посебно барање за овој фудбалер.

Од „Најк“ побарале на неговиот дрес да стои името Френки, наместо презимето Де Јонг, а младиот Холанѓанец исто така ќе го добие и дресот со број 21.

„Во јули ќе потпишам официјален договор и ќе бидам претставен во Барселона. Би го сакал бројо 21, тоа е мојот број. Исто така, „Најк“ бара да го користам името на дресот, наместо презимето. Тоа повеќе им одговара од маркетиншки причини и навистина не знам за што ќе се одлучам“, изјави Френки Де Јонг.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor