page contents

Србија ѝ врачи протестна нота на Хрватска

Avatar admin | Februar 10, 2019


Српското МНР ѝ врачи протестна нота на хравстката амбасада во Белград, поради нападот на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит.

„Министерството за надворешни работи изрази длабока загриженост и разочарување поради нападот на ватерполистите на Црвена ѕвезда“ се наведува во соопштението.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, претходно за телевизијата Прва, рече дека тоа е работа и обврска на министерството без оглед што следеа реакции од Хрватска.

Четворица ватерполисти на Црвена ѕвезда вчера беа нападнати од хулигани во едно кафуле во Сплит, поради што беше откажан натпреварот со домаќинот Морнар, а Ѕвезда се врати во Белград, пренесе Б92.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ истакна дека секое насилство е неприфатливо. Нападот на ватерполистите го осуди и хрватската Влада како и градоначалникот на Сплит, Анто Кртуловиќ и Олимпискиот комитет на Хрватска.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor