page contents

„Старата дама“ ослабена за Суперкупот со Милан, се повреди Манџукиќ

Avatar admin | Januar 11, 2019


Пех за голгетерот на Јувентус, Марио Манџукиќ, пред Суперкуп-дуелот против Милан, кој ќе се одигра на 16 овој месец во Саудиска Арабија.

Според информациите од Торино, Хрватот го повредил мускулот на утринскиот тренинг поради што ќе мора да биде надвор од теренот неколку дена.

Тежината на повредата дополнително ќе се одреди, неизвесно е дали Манџукиќ ќе биде подготвен за Милан, но сигурно „старата дама“ ќе биде без услугите на напаѓачот на викенд-првенствениот дуел против Болоња.

Манџукиќ оваа сезона веќе еднаш погоди против „росонерите“ во пресметката на двата клуба во Серија А, во која Јуве славеше со 2-0.

ИЗВОР



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor