page contents

Сурфери на поларниот вортекс

Avatar admin | Februar 22, 2019


Додека некои луѓе седат пред во своите домови, Даниел Шетер не отстапи од сурфањето дури и за време на поларниот вортекс кој ги претвора САД во „коцка мраз“. Поларниот вортекс е регион со низок притисок на северниот пол. Во текот на зимата, поларниот вортекс на Северниот пол се проширува и испраќа ладен воздух на југ, предизвикувајќи многу ниски температури во САД. Тоа беше обичен ден за сурферот од Мичиген, а фотографот Девон Хенс беше таму за тоа да го забележи.

– На фотографиите се Даниел Шетер и Ален Финау. Фотографиите се направени на Езерото Супериор на температура од минус 34 степени Целзиусови. Со секоја направена фотографија станував сè позагрижен за нив, но верував дека ги знаат своите можности – вели фотографот Хенс за фотографиите на кои двајцата сурфери се со замрзнати бради, веѓи и трепки.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor