page contents

Тачи повика да се почитува барањето на САД за суспензија на царините со Србија и БиХ

Avatar dija login | Februar 9, 2019


Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека во Вашингтон добил јасни пораки дека без суспендирање на царините од 100 отсто на стоката од Србија и БиХ, не е можно да продолжи дијалогот со Србија.

На конференцијата за новинарите по враќањето од САД, каде што присуствуваше на традиционалниот појадок, Тачи ги повика владата на Косово и коалиционите партнери да го почитуваат барањето на САД за суспензија на царините.

„Сметам дека домашните институции треба да го почитуваат овој совет“, изјави тој.

„На прв поглед изгледа дека Србија е оштетена за десетина милиони евра, но нагласувам дека не постои цена што можеме да ја платиме доколку дојде до ослабување на односите меѓу Косово и САД“, рече Тачи.

 

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor