Уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед блиску до продолжување на соработката со клубот

Avatar dija login | Februar 7, 2019


„Скај Спортс“ пренесува дека еден од најискусните фудбалери во редовите на Манчестер Јунјатед, Ешли Јанг е пред продолжување на соработката со клубот.

33-годишниот фудбалер би требало да потпише договор според кој ќе остане на „Олд Трафорд“ и наредната сезона.

Преговорите се во тек веќе некое време, а одличните партии кои ги има Англичанецот во последниот период пресудиле тој да остане во клубот и за сезоната 2019/20.

Ешли Јанг пристигна во Манчестер Јунајтед во 2011 година од Астон Вила, за тогаш високи 17 милиони фунти. Од тогаш со „Ѓаволите“ има освоено една Премиер лига, еден Фа Куп, трофеј во Европа Лигата, како и еден Лига Куп.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor