page contents

Фановите на “Game of Thrones” забележале детаљ во најавата кој открива нешто интересно

Avatar admin | April 7, 2019


Фановите на популарната серија “Game of Thrones” со цело срце го чекаат почетокот на осмата и последна сезона, а додека се во исчекување, тие се занимаваат со проучување на трејлерот и најавата кои досега се појавија на интернет.

“HBO” неодамна објави три промотивни видеа – “Survival”, “Together” и “Aftermath”, а екипата на Редит во еден кадар од видеото “Together” забележала детаљ за кој сега мисли дека открива многу за приказната во последната сезона.

Во еден кадар, Џон Сноу и Денерис Таргариен стојат пред камин за кој некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека веќе го виделе негде – тие тврдат дека станува збор за каминот од Драгонстоун, домот на династијата Таргариен. Овој детаљ е интересен за многумина бидејќи на крајот од седмата сезона, тие заминаа кон северот за да се борат против војската на Ноќниот крал. Фановите предвидуваат дека сцената пред каминот во Драгонстоун е знак дека Денерис и Џон преживеале сѐ што се случило на северот.

“Кога излезе промо видеото, повеќето луѓе (вклучувајќи ме и мене) претпоставуваа дека снимката од Денерис настанала пред големата битка во Винтерфел. Но, бидејќи имам тенденција да анализирам многу работи, почнав да размислувам: А што ако е некаде на друго место?. И откако го погледнав каминот од Драгонстоун, воочив дека изрезбаните детали се поклопуваат”, изјавил еден корисник на Редит под прекарот “Spiral66” за “The Huffington Post”.

“Ова сугерира дека тие по битката кај Винтерфел се повлекле назад во Драгонстоун и го користат местото како своја нова база. Како што и многумина други забележаа, Денерис се чини замислена, што би можело да значи дека ја оплакува таа битка и животите изгубени во неа”, додал корисникот.

izvor



Komentari

Trenutno Ova Stranica nije funkcionalna.

Ostavite odgovor